Физички лица

Eдноставно регистрирајте се на системот Е-Даночни услуги, ажурирајте ги вашите податоци и електронски управувајте со сите даночни обврски преку УЈП

──────────   ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Мој профил (промена на адресни и контакт податоци)

Брзо и едноставно ажурирајте ги вашите регистрациони податоци во УЈП, со телефонско јавување на бесплатната инфо линија 0800 33 000!

Услугата „Мој профил“ овозможува промена на регистрациони податоци за даночниот обврзник преку Инфо центарот 0800 33 000 или 02/3253 200, односно секој даночен обврзник (физичко и правно лице) може да изврши промена/ажурирање на следните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, и тоа: адреса на седиште/живеалиште; контакт телефон (фиксен и мобилен); податоци за овластен сметководител (име и презиме/назив, адреса, контакт телефон – фиксен и мобилен).
Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, оваа услуга може да се користи со ПИНКОД кој го издава УЈП (види постапка за издавање на ПИНКОД).
Точните адресни податоци и пријавување на истите од страна на даночните обврзници се важни заради навремено информирање и доставување на даночните акти на вистинската адреса од страна на УЈП, со што се избегнува настанување на долгови и пресметување на камати поради непријавени и неажурни адресни податоци.

Регистрирајте се на системот е-даночни услуги!

Брзо и едноставно РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ и користете ги електронските услуги на УЈП

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ!

Секое физичко лице кое остварува доход кој подлежи на оданочување и истиот сака да го  пријави по електронски пат во Управата за јавни приходи  потребно е да се регистрира на  системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk.

При регистрацијата на е-Даночни услуги имајте предвид дали сте веќе корисник на електронските даночни услуги е-Даноци etax-fl.ujp.gov.mk

Странско физичко лице, односно нерезидент на Република Северна Македонија, се регистрира како корисник на системот со ЕДБ доделен од УЈП.

ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ

Постапката за регистрација е лесна и едноставна. Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име (user name) за ваша најава на системот e-ujp.ujp.gov.mk и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи.
На почетната страница на e-ujp.ujp.gov.mk се кликнува на копчето Нов корисник – физичко лице.
Регистрација на нов корисник (се отвора мени во кое се внесуваат лични податоци за физичкото лице и понатаму системот Ве води чекор по чекор за регистрација).
Откога ќе се пополнат сите податоци кои се задолжителни како и податокот дали корисникот ке дозволи овластувања од други лица (физички и правни), се прави контрола дали корисникот веќе постои или веќе е регистрирана електронската пошта.
Доколку нема таков корисник, на наведената е–пошта, по притискање на копчето испрати код, се добива код за верификација.

Откако ќе се внесе кодот во соодветното поле и ќе се притисне копчето Регистрирај се, корисникот добива порака на назначената е-пошта во која се содржи барањето за регистрација кое треба да биде одобрено на шалтер во најблиската даночна канцеларија на УЈП. По одобрување на барањето од службено лице на УЈП вие веќе имате профил на системите на УЈП и слободно коже да ги користите електронските услуги на Управата за јавни приходи.

Scroll to Top