Публикации Преземи PDF документ ЗАДРЖУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ПРИХОД ПЛАТЕН НАСТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА (2022)Оваа брошура треба да ве упати на начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странски правни лица, а кои не се остварени во рамки на деловниот потфат на постојаната деловна единица на странско лице на територија на Република Македонија... Преземи PDF документ НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (2022) Оваа брошура треба да ви помогне и да ве упати како правилно да ги примените одредбите на Законот за данок на добивка, со цел правилно пријавување и плаќање на данокот на вкупен приход за непрофитните организации кои остваруваат приходи од вршење на стопанска дејност, како и начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени на странски правни лица. Преземи PDF документ ПОЕДНОСТАВЕН ДАНОЧЕН РЕЖИМ ЗА МАЛИ И МИКРО БИЗНИСИ (2022) Оваа брошура треба да ве упати на основните правила и услови за регистрирање за целите на годишниот данок на вкупен приход, доколку сте трговско друштво од мал обем. Поедноставниот даночен режим овозможува скратување на даночните процедури за малите бизниси и едноставен начин на пријавување и утврдување на данокот. Преземи PDF документ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДДВ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ И ИПА ФОНДОВИ (2022)Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на начинот и постапката на ослободување на прометот на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови. Преземи PDF документ ПОВРЗАНО ЛИЦЕ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ДДВ Поврзано лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни, регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки. Оваа брошура треба да ве информира општо за регистрацијата, пријавувањето на промени и одјава на поврзаното лице за целите на данокот на додадена вредност. Преземи PDF документ ПРИМЕНА НА МЕХАНИЗМИ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (REVERSE CHARGE МЕХАНИЗАМ) - 2023 Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност Преземи PDF документ РЕГИСТРАЦИЈА, ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (2022) Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор. Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на регистрацијата за цели на данокот на додадена вредност, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“). Преземи PDF документ ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДОХОДОД ЗАКУП И ПОДЗАКУП (2025) Оваа брошура треба да ве упати во основните правила при пријавување на доходот кој како физичко лице - граѓанин гo остварувате од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот. Преземи PDF документ ОДАНОЧУВАЊЕ НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА ОД ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ (2025) Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од продажба на недвижен имот и притоа сте оствариле капитална добивка. Преземи PDF документ ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБАНА СОПСТВЕНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ (2025) Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кој како физичко лице - граѓанин го остварувате од продажба на сопствени земјоделски производи. Остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи подлежи на оданочување со данок на личен доход. Преземи PDF документ ОДАНОЧУВЊЕ НА ПРИХОДИ ОСТВАРЕНИ ОДВРШЕЊЕ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ВО 2024 ГОДИНА (2025) Оваа брошура треба да ве упати во основните правила и процедури за регистрација, утврдување и плаќање на персоналниот данок на доход и изготвување на Годишна сметка за остварените приходи од самостојна дејност. Преку брошурата ќе се запознаете за тоа: како и каде да се регистрирате, ако остварувате приходи од самостојна дејност; кои се вашите права и обврски; кога и на кој начин сте обврзани да ги пресметувате, пријавувате и плаќате соодветните даноци; како УЈП ќе ви ја утврди конечната годишна обврска за персоналниот данок на доход Преземи PDF документ ПОТВРДУВАЊЕ НА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ ВО 2024 ГОДИНА (2025) Оваа брошура треба да ве упати како да се регистрирате на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за доходот коj како граѓанин (физичко лице - резидент на Република Северна Македонија) сте го оствариле во текот на 2024 година Преземи PDF документ ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД (2018) Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход (ПДД), односно пресметувањето на ПДД ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk Преземи PDF документ ДАВАЊЕ И ПРИМАЊЕ НА ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА (2021) Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. Оваа брошура треба да ви помогне како правилно да пристапите кон примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, односно што може да биде предмет на донација/спонзорство, кои се даночните поттикнувања Преземи PDF документ 70 ГОДИНИ ДАНОЧЕН СИСТЕМ И 20 ГОДИНИ ДЕН НА ДАНОЧНИ РАБОТНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА По повод одбележувањето на Денот на даночниците на 29-ти Ноември 2017 година, како и јубилејното одбележување на 70 години - Даночен систем и 20 години - Ден на даночници во Република Македонија, Управата за јавни приходи издаде публикација во која е даден краток осврт на поставувањето на темелите и седумдецениските промени и реформи во македонскиот даночниот систем, како и за првите иницијативи за одбележување на Денот на даночниците, со цел давање на посебно место и улога на даночните работници во обезбедувањето на финансиската стабилност на државата. Нашата мисија е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки. Чекорите и новитети кои ги воведуваме и на кои сме посветени имаат единствена цел - исполнување на нашата мисија, визија и вредности. Преземи PDF документ ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ Оваа брошура треба да Ве упати на условите, постапката и начинот на плаќање на даночен долг со користење на можноста за одложено плаќање на месечни рати или еднократно одлагање на плаќањето на даночниот долг. Преземи PDF документ ПРИХОДИ, ПРЕДИЗВИЦИ, ПАРТНЕРИ (2019) Денес оваа институција со гордост може да каже дека е модерна и транспаретна даночна управа, со клиентски ориентиран пристап кон даночните обврзници, што подразбира градење партнерски однос со секој даночен обврзник и обезбедување висок квалитет на услуги Преземи PDF документ ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИ ИГРИ (2022) Преку оваа брошура треба да дознаете повеќе за видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Северна Македонија, исплата и оданочување на добивките од игри на среќа Преземи PDF документ МЕСЕЧНА ПРЕСМЕТКА ЗА ИНТЕГРИРАНА НАПЛАТА УЈП прибира месечно податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок на доход, истите ги контролира и води евиденција, поединечно за секој обврзник.Концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата бара подетално појаснување и прецизирање на повеќе прашања, поради што очекуваме дека оваа брошура ќе ви помогне Преземи PDF документ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ И ДЕЛУВАМЕ ПРОТИВ СИВАТ ЕКОНОМИЈА? Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија. Преземи PDF документ ФИСКАЛИЗАЦИЈА И РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА (2018)Оваа брошура треба да ве упати како да воведете фискален апарати, но и ќе ви помогне во разрешувањето на проблемите со кои ќе се сретнете во праксата, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискална сметка. Преземи PDF документ ОДАНОЧУВАЊЕ СО ДАНОК НА ДОБИВКА (2024) Накратко за пријавувањето и утврдувањето на данокот на добивка, поедноставниот даночен режим за мали и микро бизниси, задржувањето на данокот на исплатени приходи на странски правни лица и одбегнувањето на двојно оданочување или двојно ослободување. Преземи PDF документ ОДАНОЧУВАЊЕ СО ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (2021) Даночен обврзник, задолжителна и доброволна регистрација за целите на ДДВ, предмет на оданочување, даночна стапка и основа за пресметување на данокот, даночни периоди за пријавување и плаќање на данокот, враќање на данокот на додадена вредност, даночни ослободувања и поттикнувања Преземи PDF документ ДАНОЧНА ГАРАНЦИЈА Согласно членот 33 од Уставот на Република Северна Македонија, секој е должен да плаќа данок и други давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Владеењето на правото е темелна вредност прецизирана во Уставот, а ЗДП е донесен во потполна усогласеност со Уставот на Република Северна Македонија Преземи PDF документ УЈП ОТВОРИ НОВ ШАЛТЕР ЗА РДТ ВО ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје). Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса Преземи PDF документ ОТВОРАЊЕ НА БИЗНИС При отпочнување на вашиот бизнис, најважно е да ја регистрирате вашата дејност во соодветниот регистар и да поседувате даночен број, неопходен за учество во платниот промет и кој ќе претставува единствен идентификатор за вашите податоци и даночните постапки кои се водат во Управата за јавни приходи. Преземи PDF документ СТАРТУВА ОН-ЛАЈН СЛЕДЕЊЕ НА ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ВО МАКЕДОНИЈА Воведување на фискален систем на опрема со GPRS уред за секојдневна електронска размена на податоци помеѓу информацискиот систем на Управата за јавни приходи и фискалниот систем на опрема (ФСО) на даночниот обврзник е законска обврска предвидена со измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања од 31.05.2013 година. За повеќе информации преземете го информативниот проспект Преземи PDF документ ФИСКАЛИЗАЦИЈА - ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ (2017) Како купувач на доброто, односно корисник на услугата побарајте фискална сметка во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата. Дознајте повеќе кој има и кој нема обврска да ви издаде фискална сметка, како да ја препознаете сметката што не е фискална, како да пријавите неправилности во УЈП. Преземи PDF документ E-AKCII.UJP.GOV.MKПРОДАЖБА НА ДВИЖНИПРЕДМЕТИ И НЕДВИЖНОСТИ е-Аукции е специјализиран портал на Управата за јавни приходи преку кој секој граѓанин или фирма може да учествува во продажбата на достапните аукциски производи (движни предмети и недвижности). Електронските аукции се одржуваат најмалку еднаш месечно, а за аукциските производи можете да се информирате преку преку огласите кои се објавуваат на www.ujp.gov.mk и на e-aukcii.ujp.gov.mk Преземи PDF документ Е-ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСОНАЛЕН ДАНОК Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери. Користете ја новата услуга „е-Плаќање на даноци“ за да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за Персоналниот данок, од било кое место и во секое време. Преземи PDF документ Е-РАДИОДИФУЗНА ТАКСА Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да ја проверите состојбата или да вршите плаќање на Радиодифузна такса. Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ, од било кое место и во секое време. Преземи PDF документ РЕГИСТРАЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕ СО ДДВ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (2020) Даночен обврзник за целите на ДДВ е секој самостојно активен економски субјект кој постојано или повремено врши исполнувања за надоместок. Даночни обврзници можат да бидат правни и физички лица, како и здружување на лица кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност. Преземи PDF документ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК (2017) Новите електронски услуги за Персонален данок овозможуваат во целост поедноставување на постапките и намалување на административниот товар за пријавување и плаќање на данокот од страна на фирмите и на граѓаните. Преземи PDF документ ЗАКАЖИ СРЕДБАСО ДАНОЧЕН АГЕНТ (2017) Новата услуга на УЈП „Закажи средба” ви овозможува на брз и едноставен начин да остварите контакт со соодветниот даночен агент, а со цел користење на следните услуги. Преземи PDF документ ИНФОРМA - ПРАКТИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА СИТЕ ДАНОЧНИ ПРАШАЊА (2017) Повеќе нема да има потреба да доаѓате во УЈП или да се јавувате на телефон. Одговорите на вашите прашања или дилеми може да ги добиете преку интернет, на нашата веб страница kontaktcentar.ujp.gov.mk Преземи PDF документ ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ (2022) Основен принцип за ефикасно собирање на даночните приходи е доброволното пријавување и плаќање на даночните обврски во законските рокови. Преземи PDF документ ПОВЕЛБА ЗА ПРАВАТА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК Кои се Вашите права и обврски како даночен обврзник? Преземи PDF документ ДАНОКОТ НЕ Е ИГРА НА СРЕЌА!Обврзник на персонален данок на доход за добивките од игри на среќа е секој граѓанин кој остварил добивка од игри на среќа, без разлика дали добивката е во форма на паричен износ или како предмет (ТВ, таблет, патување и сл.). Граѓанинот кој учествува во игри на среќа треба да биде навреме запознаен со правилата на играта на среќа, како и за обврската за начинот на пресметка и уплата на персоналниот данок на доход. Преземи PDF документ СТОП НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА! НЕ ДЕЛУВАЈТЕ ВО СИВАТА ЗОНА! Одберете партнер од легалната, а не од сивата економија