Меѓународни организации
Преку ваквата соработка се овозможува поголема транспарентност, ефикасност и усогласување со меѓународните стандарди.
────────── МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ
01.
Меѓународно оданочување
ПОВЕЌЕ
Доколку странското правно лице (примател на приходот) е резидент на држава со која Република Северна Македонија има склучено договор за одбегнување на двојното оданочување по однос на даноците на доход и капитал, тогаш даночната стапка која е утврдена за тој приход утврдена во Законот не смее да ја надмине даночната стапка која се применува за приходот одредена во договорот.
02.
Задржан данок
ПОВЕЌЕ
Лицата кои имаат обврска да вршат задржување на данокот, еднаш годишно до Управата за јавни приходи доставуваат Извештај за уплатениот данок по задршка на образецот ДД-И. Овој образец се доставува до 15 февруари во наредната година.
03.
Даночни поволности за инвестирање во ТИРЗ
ПОВЕЌЕ
Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) е слободна зона од аспект на даночните закони во Република Македонија. Секое домашно или странско физичко или правно лице – корисник на ТИРЗ може да ги користи даночни поволности преку инвестирање во зоната.
04.
Постапка за взаемно договарање
ПОВЕЌЕ
Согласно одредбите од Законот за Управа за јавни приходи (чл,4, ст.3) „Управата за јавни приходи спроведува постапки за заемно договарање во областа на даноците согласно склучените меѓународни договори и конвенции“.
